Ekip,Selen Temizer
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
АЗАЗ (АА) - Голем број жители на Тел Рифат, окупиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК, и припадници на Слободната војска на Сирија (ССВ) одржаа протест со барање во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ да биде ослободен и нивниот град.
Околу 400 борци во редовите на ССВ, по потекло од подрачјето на Тел Рифат и голем број цивили, го затворија патот Сиџу - Азаз со барање од Турските вооружени сили (ТСК) и градот Тел Рифат да биде опфатен од операцијата „Маслинова гранка“.
На една точка во близина на Тел Рифат, насобраниот народ извикуваше пароли против ЈПГ/ПКК и упатуваше барање за проширување на операцијата, со цел ослободување и на нивниот град.
На инсистирање на ТСК и елементите на јавниот ред од регионот, насобраната маса народ по извесен период се растури.
ЈПГ/ПКК во почетокот на 2016 година, со поддршка на Русија и режимот, се прошири на просторите југоисточно од Африн. Терористите кои излегоа од Африн, принудија околу 250.000 лица од Тел Рифат и околните села на миграции.
Жителите на Тел Рифат се засолнија во градот Азаз, ослободен во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, кој е под контрола на опозицијата.
Претседателот на локалниот парламент на Тел Рифат, Махмут Алито, пред започнувањето на операцијата „Маслинова гранка“, за АА изјави дека под притисок на терористичката организација биле приморани да ги напуштат своите домови и дека се во очекување да заврши заканата која доаѓа од Африн.