Ekip
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
РОТЕРДАМ (AA) - Откако турската министерка за труд и социјална политика Фатма Бетул најави свое доаѓање во главниот конзулат на Турција во Ротердам пред зградата на конзулатот почнаа да се собираат Турци кои живеат во Холандија. Полицијата после тоа го стопираше сообраќајот во улиците блиску конзулатот, јавуваAnadolu Agency (AA).
Конзулот Садин Ајилдиз се обиде да дојде до собраните граѓани, но гледајќи дека полицијата поставила барикади во улиците кои се бо близина на конзулатот се врати во конзулатот. Ајилдиз рече дека полицијата го задржала конвојот на министерката Бетул, но дека не ја знае точната локација.
Тој истакна дека е оневозможен да дојде до министерката Бетул. Локалните медиуми известуваат дека полицијата го запрела конвојот на министерката некаде во близина на конзулатот.
Градоначалникот на Ротердам Ахмет Абуталеб изјави дека министерката непречено ќе може да помине доколку дојде во возило со дипломатски таблички. Тој рече дека дури министерката да помине до конзулатот, останатите граѓани ќе бидат спречени во тоа поради претходно поставените барикади.
Екипите на Anadolu Agency и ТРТ кои го пратеа конвојот на министерката Бетул од Германија се запрени на една од бензиските пумпи во Холандија. Полицијата новинарските екипи ги задржа околу еден час после што им рече што поскоро да ја напуштат земјата.