Enes Canlı
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Екипата на Агенцијата Анадолија (АА) во Либија утрово ја сними стратешката воздухопловна база „Ватија“ преземена од рацете на милицијата на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата.
Либиската Армија утрово соопшти дека ја расчистила стратешката воена база „Ватија“, што се наоѓа на 140 километри југозападно од главниот град Триполи, од милициите на Хафтар и ја ставила под целосна контрола.
Екипата на АА ја сними базата што ја презеде либиската Армија.
На влезот на базата преземени се безбедносни мерки. Медиумските екипи во базата беа пуштени по безбедносна проверка. Внимание привлекоа големиот број воени возила и камиони кои се уништени како резултат на стотиците воздушни операции со вооружените беспилотни летала на либиската Армија.
На инсертите може да се видат уништените хангари при воздушните операции извршени од страна на либиската Армија. Исто така, во хангарите забележани се и воените авиони кои се неупотребливи.
Припадниците на либиската Армија се фотографираа пред рускиот противвоздушен одбранбен систем „Панцир“, обезбеден од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за милициите на Хафтар.
Полковникот Мухамед Дева од Одделот за западни операции на либиската Армија во изјавата за АА, дадена во центарот на базата „Ватија“, рече дека базата е ослободена од милициите на Хафтар за многу кратко време по операцијата што започна во раните утрински часови.
Дева истакна дека го презеле рускиот противвоздушен одбранбен систем „Панцир“ обезбеден од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за милициите на Хафтар и дека овој систем ќе биде преместен во еден центар што ѝ припаѓа на либиската Влада.
Либиската Армија утрово соопшти дека ја презеле под нивна контрола стратешката воена база „Ватија“, која се наоѓа на западниот дел од земјата.
Воената база е изградена на површина од 50 квадратни километри, на 140 километри југозападно од главниот град.
Со своите писти погодни за воени авиони, хангарите, танкерите за гориво, складиштата за возила и со можноста да распореди 10.000 војници е база со стратешка важност.