Murat Özgür Güvendik
20 Јули 2023•Ажурирај: 21 Јули 2023
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Едно лице загина, а 48 се повредени во експлозија во Јужноафриканската Република, пренесува Анадолу.
Премиерот на покраината Гаутенг, Пањаза Лесуфи, изјави дека експлозијата во улицата Бри во центарот на Јоханесбург можеби е предизвикана од протекување на гас од гасоводот што минува под улицата.
Лесуфи наведе дека се хоспитализирани се 12 од 48 повредени.
Улицата во која настана експлозијата е затворена за сообраќај.