Muhammed Emin Canik
20 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА)
Најмалку две лица загинаа, а три се повредени при судар на две цистерни на југот на Јемен, пренесува Анадолу.
Две цистерни натоварени со гориво се судриле во регионот Ер-Равда, во јужната јеменска покраина Шабва.
На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види дека цистерните се запалиле по сударот.