Mahmoud Barakat
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
КАИРО (АА) - Египетскиот суд денес го осуди поранешниот претседател Мухамед Морси и уште 19 лица на три години затвор, во случајот 'навреди упатени до правосудните органи', изјави за Anadolu Agency (AA) правосудниот извор кој сакаше да остане анонимен.
Изворот додаде дека Кривичниот суд во Каиро, исто така, изрекол парична казна во износ од 30.000 египетски фунти (околу 1.400 евра), за уште петмина обвинети, поради навреди упатени кон правосудството и судиите. Тој додаде дека против пресудата може да се поднесе жалба до повискиот суд.
Во септември оваа година, највисокиот Апелациски суд во Египет ја отфрли жалбата на Морси на затворска казна од 25 години поради наводно шпионирање за Катар. Минатата година Морси беше осуден на 20 години затвор поради убиство, додека во мај оваа година неговото име е ставено на листата на терористи на период од три години.
Морси, првиот египетски претседател избран на слободни избори, беше соборен со воен удар во 2013 година. Оттогаш, египетските власти покренаа опсежна акција против неговите поддржувачи и неговата група Муслиманско братство, во која се убиени сторици лица, а илјадници се пратени во затвор.