AP
30 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија Владимир Путин во новогодишната телеграма до американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека конструктивниот дијалог меѓу двете нации е неопходен за глобалната стабилност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кремљ денес соопшти дека Путин во новогодишна честитка до Трамп нагласил дека Русија и САД можат да развијат „прагматична соработка насочена на долгорочна перспектива врз основа на еднаквост и взаемно почитување”.
Путин истакна дека развојот на конструктивен дијалот меѓу Русија и САД е посебно важен за јакнење на стратешката стабилност во светот и пронаоѓање на оптимални одговори на глобалните закани и предизвици.
Врските меѓу Москва и Вашингтон ослабија по руската анексија на Крим во 2014 година и обвиненијата дека Москва имала вмешаност во минатогодишните претседателски избори во САД.