Ekipa
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
КАИРО (АА) - Египетската војска денес уништи уште еден таен тунел под границата со блокираниот појас на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетската војска, полковникот Тамит ал-Рифаи, соопшти дека денес е уништен таен тунел, откриен во пограничниот појас на Северен Синај.
Според официјалните податоци на египетската војска, оваа година се откриени и уништени 42 тунела на границата со Газа, која веќе подолго од деценија е под потполна израелска блокада.
Со изборната победа и доаѓањето на власт на Хамас во 2006 година во Газа, Израел воведе потполна блокада на регионот, а единствениот граничен премин кон Египет, Рафа, е затворен за трговија. Палестинците во Газа ископаа голем број на тајни тунели под границата.
Палестинците низ тие тунели со години се снабдуваа со гориво, храна, градежни материјали и други потреби, а по државниот удар во Египет во јули 2013 година, воената египетска власт нареди рушење на сите тунели на границата.