свет

Евакуирани илјадници луѓе поради пожарите во југозападна Франција

Мартин Гесперо, претставникот на локалната власт во регионот Жирон, рече дека околу 500 пожарникари се борат со пожарите со пружена поддршка од воздух

Ekipa  | 10.08.2022 - Обновена : 12.08.2022
Евакуирани илјадници луѓе поради пожарите во југозападна Франција

ПАРИЗ (АА) - Илјадници луѓе се евакуирани откако синоќа изби голем пожар во регионот Жирон во југозападниот дел на Франција, последниот во низата шумски пожари кои ја зафатија Франција ова лето, објавија денеска локалните медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мартин Гесперо, претставникот на локалната власт во регионот Жирон, рече дека околу 500 пожарникари се борат со пожарите со помош на авиони.

„Нашата првична цел во оваа борба е да се спасат човечки животи“, нагласи тој.

„Франсеинфо“ објави дека пожарот најпрво во вторникот го зафати подрачјето на општината Хостенс, Сен-Мањ и Кабанак-ет-Вилагрен, кои се наоѓаат во јужниот дел на Жирон. Брзо изгореа 6.000 хектари шума, а 6.000 луѓе се евакуирани во текот на ноќта.

Пожарот уништи 16 куќи.

„Пожари избувнаа и во Хостенс и во Кабанак-ет-Вилагрен, а се проширија во регионот Ландес“, наведоа официјалните лица кои го опишаа пожарот како „многу опасен“.

Пожарникарите во текот на ноќта извршија 215 евакуации во регионот Ландес.

Франција ја зафати четвртиот топлотен бран, односно екстремни температури и долготрајна суша кои предизвикаа пустош, како на земјоделските површини, така и во општините.

Пожарите од вторникот и денеска се дел од големиот шумски пожар кој во текот на јули изби во Ландирас, општина во регионот Жирон, во кој изгореа 13.000 хектари.

Гесперо изјави дека тој пожар никогаш не е целосно изгасен, туку само е ставен под контрола.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın