Dmitri Chirciu
10 Август 2022•Ажурирај: 11 Август 2022
МОСКВА (АА) - Игор Конашенков, портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, информира дека 3 борбени авиони на украинските воздухопловни сили се погодени во воздух во областа Миколаев во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков сподели информации за активностите на руските воени сили во Руско-украинската војна.
Посочувајќи дека Руската армија продолжува со нападите врз воените елементи во Украина, Конашенков рече дека во нападот во кој е користено високопрецизно оружје, погодено е складиште за муниција во регионот Доњецк и уништени се повеќе од 6.000 различни проектили и артилерија, а неутрализирани се околу 30 украински војници.
Тој истакна дека во нападите врз 93. Механизирана бригада на Украина се неутрализирани околу 100 војници и уништени се повеќе од 20 воени возила, Конашенков рече дека 70 отсто од војниците кои припаѓаат на 56. Бригада се неутрализирани во регионот Доњецк и дека бригадата веќе ја изгубила својата способност за војување.
Посочувајќи дека во последните 24 часа уништени се 5 управувачки центри и 7 складишта за муниција на Украинската армија, Конашенков рече:
„Во близина на населбата Новопавловка во регионот на Миколаев е уништен противвоздушниот систем „Гепард“, кој Германија го испрати на Киев. Покрај тоа, погоден е и украинскиот систем за воздушна одбрана С-300. Во регионот на Миколаев во воздух се погодени 3 борбени авиони на украинските воздухопловни сили. Тоа се авиони од типот „Су-25“, „Миг-29“ и „Су-27“. Од руските системи за противвоздушна одбрана соборени се 9 беспилотни летала.“
„До денеска уништени се 267 авиони, 145 хеликоптери, 1.720 беспилотни летала, 365 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 4.283 тенка и оклопни возила, 795 повеќецевни ракетни фрлачи, 3.286 хаубици и минофрлачи и 4.807 специјални воени возила на Украинската армија“, додаде Конашенков