Nuran Erkul Kaya
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
ГЛАЗГОВ
Државите кои нема да делуваат согласно нивните обврзувања за климата ќе бидат предупредени на самитот за клима на Обединетите нации (ОН) во 2023 година кога складирањето на акциите и нивните обврзувања ќе бидат проценети, кажа Фатих Бирол, шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), за АА, во интервју во рамките на КОП26, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателството на КОП ѝ ја додели на ИЕА функцијата да го следи и да го објави прогресот на државите“, рече Бирол.
Иако договорот од Париз, кој наложува да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови е легално обврзувачки, нема глобална санкција или пенали за државите кои нема да ги исполнат своите климатски обврзувања.
„Ние ќе ги следиме акциите на државите и ќе објавиме ако тие ги претворат нивните обврзувања во практика до 2023 година. Ние ќе објавиме кои држави се приспособиле и кои не ги исполниле нивните обврзувања. На самитот на КОП во 2023 година, што најверојатно ќе биде одржан во Обединетите Арапски Емирати, ќе има состанок за складирање“, забележа Бирол.
„Ќе има некој вид санкции во вид на предупредување“, додаде тој.
Голем број држави се обврзаа да достигнат нето нула емисии до 2050 и 2060 година, а Индија до 2070 година.
Во првата недела од КОП26, главните производители на јаглен, вклучително и Јужна Кореја, Индонезија и Виетнам, се обврзаа да го запрат производството на енергија од јаглен или да стават крај на новите градби, додека државите со енергија од јаглен како што се Полска и Украина се обврзаа да го отстранат јагленот.
Кина и Соединетите Американски Држави (САД) не се приклучија на обврзувањата да ја запрат употребата на јаглен.
Бирол, исто така, ја потенцираше важноста на обврзувањата во климатските финансии, што тој ги гледа како најголем предизвик во борбата против климатските промени.
Во 2009 година, развиените земји се заложија за цел од заедничко мобилизирање на 100 милијарди долари годишно до 2020 година, за да се задоволат потребите на земјите во развој во контекст на значајните акции за ублажување и транспарентност при спроведувањето.
Целта беше реафирмирана со договорот од Париз во 2015 година, бидејќи страните се обврзаа да продолжат да ја исполнуваат целта до 2025 година.
Претседателството на КОП26 објави пред самитот дека единствено развиените земји ќе бидат во можност да дојдат во допир со залогот од 100 милијарди долари во 2023 година.
„Земјите во развој имаат потреба од околу 1,1 трилиони долари за борбата против климатските промени и премин во чиста енергија. Развиените земји не успеваат да го финансираат ни залогот од 100 милијарди долари“, рече Бирол.
„Речиси 90 проценти од емисиите ќе дојдат од земјите во развој, но само 20 проценти од инвестицијата за чиста енергија оди во државите“, рече тој.
Бирол објасни дека во развиените земји како што се САД, Европа, Јапонија, капиталот е во допир со инвестициите за енергија на некој начин, но дека тоа не е случај со земјите во развој.
„Има бројни бариери за овие држави да пристапат до финансии“, рече тој, додавајќи дека има 600 милиони луѓе во Африка и 1 милијарда луѓе на глобално ниво, што немаат пристап до електрична енергија.
„Повеќе вознемирувачки е тоа дека 2,6 милијарди луѓе во светот употребуваат дрва и трева за готвење и греење. Станува збор за голем проблем што доведува до респираторни заболувања кај децата и жените. Овие болести се една од трите најраспространети причини за прерана смрт“, заклучи Бирол.