Ekip
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
РАМАЛА
Двајца Палестинци, денес, се повредени во израелската рација во градот Ал-Бирех на Западниот Брег, објави Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот од Министерството е наведено дека еден Палестинец е повреден во главата и дека состојбата му е сериозна, додека другиот се здобил со умерени повреди.
Според локалните жители, силите на Израел извршиле рација во градот и пребарувале бројни куќи, предизвикувајќи судири со палестинските жители.
Нема коментар од Израелската војска за извештајот.
Израелската армија спроведува чести кампањи за апсење низ Западниот Брег, вклучително и во окупираниот Кудс (Ерусалим), под изговор дека се трага по „барани“ Палестинци.