Gülbahar Sayım
11 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
КИНШАСА
Сто и педесет цивили се убиени за три недели во вооружените напади во градот Бени, Демократска Република Конго, известува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничко писмено соопштение дадено од група пратеници се наведува дека 150 цивили за три недели ги загубиле своите животи во вооружените напади во градот Бени, лоциран на истокот од земјата.
Пратениците го повикаа премиерот на Демократска Република Конго, Жан Мишел Сама Луконде, кого го обвинија дека не реагира на насилствата, да ги поддржи цивилите кои преживеаја и под тешки услови се борат за сопствените животи во Бени.
Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди, на 7 мај прогласи 30-дневна опсада за контрола на безбедноста во провинциите Северен Киву и Итури, каде што насилството ескалира, најавувајќи дека опсадата ќе ја водат војници.
Источниот дел од земјата, каде што се наоѓа границата со Руанда, Уганда и Бурунди, е место на напади и судири на вооружени групи кои веќе 20 години се обидуваат да ги контролираат рудниците, како оние за злато и кобалт.
Илјадници цивили ги загубија своите животи во нападот на вооружените групи.