Ekipa
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија денес регистрираше над 4.000 нови смртни случаи од коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Индиското Министерство за здравство соопшти дека се регистрирани 4.002 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од вирусот достигна 367.081.
Земјата во последните 24 часа евидентира 84.332 нови случаи, што е најнизок број на заразени на дневно ниво во последните 70 дена. Билансот на заразени сега изнесува 29,3 милиони.
Индија на 10 јуни објави вкупно 6.148 смртни случаи од Ковид-19, најголем број починати за еден ден од почетокот на пандемијата. Здравствените власти рекоа дека порастот се должи на ревидирањето на бројот на починати во северната држава Бихар.
Во соопштението објавено доцна синоќа се вели дека бројот на администрирани дози на вакцини против Ковид-19 достигнал 249.316.572.
Индија има втор најголем број на заразени во светот по САД.
Таа е трета по бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.