Hakan Çopur
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, во Белата куќа пред претставниците на медиумите даде изјава за случувањата во ирачкиот Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Трамп истакна дека не е задоволен од судирите меѓу Централната влада на Ирак во Киркук и Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак (IKBY).
Освен тоа, во врска со позициите на САД во Киркук, Трамп изјави: „Не сме задоволни од нивните судири (во Киркук). Не заземаме страна во оваа војна. Со Курдите години наназад имаме добра соработка. Уште од самиот почеток не требаше да влеземе таму, но истовремено ние сме и од страната на Ирак. Но во оваа војна не заземаме страна”.