Şerife Çetin
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Еропската комисија Жан Клод Јункер и британската премиерка Тереза Меј се состанаа на работна вечера во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер и Меј наводно се согласиле околу преземање на потребни чекори за да може во наредните месеци да се забрза излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).
Разговарале и за потребата од зачувување на нуклеарниот договор со Иран.
Исто така се сложиле дека е потребно воспоставување на поголема безбедност за граѓаните на Европа, додека особено внимание му посветиле на прашањето за борбата против тероризмот.
Јункер и Меј нагласиле дека се завршени сите потребни подготовки за самитот на лидерите на членките на Европската унија (ЕУ) кои оваа недела ќе се одржи во Брисел.