Gökhan Kavak
22 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Во нападот на рудникот за злато во Буркина Фасо на 5-6 јуни во кој загинаа најмалку 170 цивили, користени се и деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци кои зборуваа за „Си-ен-ен“ (CNN), истакнаа дека меѓу напаѓачите кои дошле во регионот со мотори, имало деца и жени.
Во нападот на рудникот за злато Моусига кај областа Солхан во централниот регион на земјата, кој траеше два дена и во кој загинаа најмалку 170 цивили, учествувале и деца на возраст од 12 до 14 години,.
Очевидци нагласија дека во масакрот, покрај деца, учествувале и жени, и дека безбедносните сили не презеле никакви мерки на претпазливост.
Напаѓачите, кои на 5 јуни дојдоа до рудникот за злато и околните населби во конвои со мотоцикли, ги убија цивилите.
Вториот ден вооружените лица се вратија во регионот и ги уништија населбите и куќите.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Опишувајќи го инцидентот како терористички напад, Владата соопшти дека во земјата е прогласена 72-часовна национална жалост.
Во земјите од регионот нелегалното ископување злато останува да биде главен извор на приход за вооружените групи.
Според Министерството за енергетика и рударство на Буркина Фасо, економијата на земјата секоја година губи најмалку 20 тони злато во вредност од 1 милијарда долари поради нелегално ископување.