Sayed Khodaiberdi Sadat
02 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
КАБУЛ
Десет лица ги загубија животите во пожарот што синоќа избувна во Кабул, главниот град на Авганистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Тарик Арјен, портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека пожарот што синоќа избувна во една бензиска станица во местото Шакардара, сместено северно од Кабул, е ставен под контрола во утринските часови.
Како што соопшти Арјен, во пожарот животот го загубија 10 лица, а 14 се повредени.
Арјен рече дека пожарот, чија причина за избувнување сѐ уште не е утврдена, почнувајќи на бензиската станица се проширил на цистерните за гориво.
Портпаролот Арјен соопшти дека пожарот уништил на десетици возила и цистерна.