Emel Öz
02 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
АНКАРА
Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 392.488 случаи на зараза со новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што предолжува рекордното ниво на новозаразени на дневно ниво во оваа земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија информираше дека во последните 24 часа Ковид-19 е детектиран кај 392.488 лица, а од последици на заразеност со коронавирусот животот го загубија 3.689.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 19.557.457, бројот на смртни случаи предизвикани од зараеност со коронавирус од почетокот на епидемијаа во земјата досега се зголеми на 215.542. Во моментов продолжува лекувањето на 3.349.644 заразени.
Во Индија продолжува брзото зголемување на случаите на заразеност со Ковид-19 кое започна во април.
Во Индија, каде што првите случаи „Ковид-19“ се регистрирани на 30 јануари 2020 година, бројката на новозаразени на дневно ниво постепено се зголемуваше во текот на целата година, достигнувајќи 97.859 заразени на дневно ниво на 16 септември 2020 година.
По овој датум, кој се смета за сезонски пик на епидемијата, бројката на новозаразени на дневно ниво забележа надолен тек, опаѓајќи стабилно во следните 4,5 месеци, паѓајќи на 8.587 новозаразени на 1 февруари.
По првиот бран, од февруари кривата на новозаразени започна стрмно да се зголемува, создавајќи нов и многу поголем бран на зараза од првиот.
Индија е земја со најголем број на новозаразени во светот на дневно ниво од 2 април досега. Бројот на новозаразени на дневно ниво се зголеми на над 100.000 на 4 април, над 200.000 на 15 април, над 300.000 на 21 април и над 400.000 на 30 април.
Пропорционално со зголемената бројка на новизаразени се зголеми и бројката на смртни случаи на дневно ниво во земјата. Бројката на починати на дневно ниво како последица на заразеност со коронавирусот, од над 2.000 на 20 април, го надмина нивото од 3.000 на 27 април.
Индија е земја во која се регистрирани најголем број на новозаразени и смртни случаи во светот на дневно ниво.
- Бројот на дадени вакцини надмина 156 милиони
Министерството за здравство на Индија објави дека бројот на вакцини дадени во земјата достигна 156.816.031 доза.
Според веб-страницата „Ourworldindata.org“, која ги објавува податоците поврзани со вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од светот, Индија е „трета земја во светот според бројката на дадени вакцинирани“ по САД и Кина.
Со цел вакцинацијата да биде поефикасна во запирањето на ширењето на вирусот, Индија планира од 1 мај да започне вакцинацијата на населението на возраст од 18 до 45 години, дел од популацијата која досега не беше ставена во програмата за вакцинирање.
- Се шират новите варијанти на мутиран коронавирус, што се со високи инфективни својства
Се проценува дека новите варијанти на Ковид-19 во Индија, особено јужноафриканската, англиската и бразилската варијанта, кои се со високи инфективни својства, се причина за неодамнешното зголемување на бројката на заразени.
Овие мутации на вирусот биле откриени кај 7% од 11.000 примероци на генетската низа на вирусот што во Индија биле земени во периодот од 30 декември 2020 година досега.
Харш Вардан, министерот за здравство на Индија во изјавата што ја даде на 8 април призна дека ричина за зголемување на случаите на заразеност во земјата претставува недостаток на мерките за намалување на масовното движење и социјалната интеракција.