Bedrudin Brlyavac
23 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Голем број граѓани на Њујорк излегоа на улиците за да го прослават Денот на благодарноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните облечени во костими на ликовите од цртаните филмови парадираа низ Њујорк, со што привлекоа големо внимание кај набљудувачите и туристите.
Централните улици на кои имаше голем број минувачи, беа во знакот на овој голем национален празник.
Оваа парада традиционално се одржува во Њујорк по повод Денот на благодарноста.
На овој ден се собираат семејствата, се пече мисирка, и на трпезата се заблагодаруваат за сето добро во изминатата година.
Прославата на Денот на благодарноста е воведена уште во 1789 година по препорака на претседателот Џорџ Вашингтон и одобрување на Конресот. Подоцна, во 1941 година, претседателот Франклин Делано Рузвелт потпиша закон со кој официјално се воспоставува Денот на благодарноста како празник кој се прославува четвртиот четврток во ноември.
Денот на благодарноста влече корени уште од првите англиски доселеници, а ја слави заедницата на различни култури. Овој празник го прифатија сите, без оглед од каде се и кога пристигнале во Америка.