Şenhan Bolelli
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека НАТО е подготвен за помош, а не за интервенција во врска со политичката нестабилност во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Лекцијата што ја научивме од нашите искуства во Ирак и Авганистан е дека преземање мерка однапред е подобро од интервенција. Подобро е НАТО да ги обучува локалните сили, овозможувајќи земјите сами по себе да постигнат стабилност, отколку да врши интервенција со своите сили“, нагласи Столтенберг за време на својот говор на Форумот за дијалог „МЕД-Медитеран“ во италијанскиот град Рим.
„НАТО е подготвен да помага, но сака да ја спречи интервенцијата директно на нивна територија. Затоа, треба да се дозволи Ирак, Авганистан, Либија, самите да постигнат стабилност во земјата“, рече Столтенберг во врска со кризата во Либија.
„Упатувам благодарност до Ирак за решителноста и храброста на својата војска, која е во првиот ред во борбата против ДЕАШ“, нагласи Столтенберг, додавајќи дека борбата на Ирак против ДЕАШ е значајна за сите.
„Да не беше поразен ДЕАШ и да успееше да формира држава, тоа ќе имаше постојан ефект врз народот, и ќе оставеше многу силен ефект врз нас. Бидејќи ќе поседуваше база за обезбедување финансии и за организирање“, истакна Столтенберг.
Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи со мисијата за обучување на локалните сили.
„Ќе останеме во Ирак со цел спречување на можноста за враќање на ДЕАШ, и за зголемување на капацитетот на безбедносните сили“, додаде генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.