Sayed Khodaiberdi Sadat
31 Март 2023•Ажурирај: 01 Април 2023
КАБУЛ (АА) - Најмалку две ученички загинаа од експлозија на рачна граната фрлена во училиште за девојчиња во местото Куш Тепе, авганистанската провинција Џаузџан, во северниот дел на земјата, јавува Анадолу.
Абдул Сатар Халими, портпарол на полициската управа на Џаузџан, изјави дека неидентификувано лице фрлило рачна граната во училиште во местото Куш Тепе.
Тој ја потврди смртта на две девојчина, информирајќи дека од експлозијата се повредени четири деца.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.