свет

Двајца патници на аеродромот во Келн се обидоа да го сопрат авионот на кој задоцниле мавтајќи од пистата

- Германскиот весник „Билд“ објави дека авион на „Виз ер“ на аеродромот Келн-Бон, што се подготвувал за лет кон Букурешт, по затворањето на вратите тргнал кон пистата за полетување.

Mesut Zeyrek  | 25.11.2025 - Обновена : 25.11.2025
Двајца патници на аеродромот во Келн се обидоа да го сопрат авионот на кој задоцниле мавтајќи од пистата

КЕЛН (АА) - Двајца романски патници кои задоцниле на авионот за Букурешт, главниот град на Романија, се обиделе да го сопрат авионот мавтајќи на пистата откако таму влегле низ излезот за итни случаи, известува Анадолу.

Германскиот весник „Билд“ објави дека авион на „Виз ер“ на аеродромот Келн-Бон, што се подготвувал за лет кон Букурешт, по затворањето на вратите тргнал кон пистата за полетување.

Во меѓувреме, двајца романски патници кои задоцниле на летот за Букурешт, го притиснале копчето за итни случаи на аеродромот и се симнале на пистата преку излезот за итни случаи.

Полетувањето на авионот било одложено откако двајцата патници, мажи на возраст од 28 и 47 години, симнувајќи се на пистата, се обиделе да го запрат авионот мавтајќи му на пилотот.

Полицијата објави дека поднела обвиненија против две лица за кршење на Законот за безбедност во воздушниот сообраќај и дека инцидентот се истражува.

Авионот на „Виз ер“ со задоцнување слетал во Букурешт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın