Ahmet Furkan Mercan
13 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ТОКИО
Два брода на Крајбрежната стража со кинеско знаме влегле во јапонските територијални води во Источното Кинеско Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според штабот на 11-та Крајбрежна стража во областа Наха, во провинцијата Окинава во југозападниот дел на земјата, двата брода на Кина ги нарушиле националните територијални води.
Бродовите што околу 2:30 часот по локално време пловеле околу контроверзните острови Сенкаку, во јапонските територијални води влегле околу островот Таишо-жима.
Јапонската крајбрежна стража ги предупредила кинеските бродови, што се приближувале до јапонските рибарски бродови, да ја напуштат областа.
Според јавниот радиосервис НХК (NHK), бродовите со кинеско знаме 13 пати оваа година влегле во јапонските копнени води околу островите Сенкаку.
- Овластување за употреба на оружје
Законот, што стапи на сила во Кина на 1 февруари, ја овластува сопствената крајбрежна стража да користи оружје против странските бродови што не ги почитуваат правилата.
Новинската агенцијата „Кјодо“ соопшти дека овој закон ја овластува Кина да отвори оган кон јапонските бродови што пловат околу спорните острови Сенкаку во Источното Кинеско Море.
Архипелагот во Источното Кинеско Море, што Јапонија го нарекува Сенкаку, а Кина Дјаоју, се состои од 5 острови и 3 карпи.