Rania R.a. Abushamala
11 Март 2026•Ажурирај: 12 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Два дрона паднаа во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи денес, при што се повредени четири лица, објави Канцеларијата за медиуми на Дубаи, пренесува Анадолу.
Канцеларијата соопшти дека инцидентот предизвикал полесни повреди кај двајца државјани на Гана и еден државјанин на Бангладеш, а еден индиски државјанин се здобил со повреди од среден степен.
Воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром во Дубаи продолжува да функционира нормално, се додава.
Регионалната ескалација се интензивираше откако Израел и САД започнаа заеднички напад врз Иран, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.
Потоа Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои се наоѓаат американски воени бази.