Ekip
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данската полиција објави дека нуркачи пронашле глава, нозе и облека на шведската новинарка Ким Вал, која беше убиена откако на 10. август отплови со данскиот иноватор Питер Мадсен во неговата подморница, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јенс Молер Јенсен, полицискиот инспектор од Копенхаген денес изјави дека деловите од телото се пронајдени во петок во пластични ќесиња со нож и тешки метални парчиња за да потонат. Тој додаде дека главата, нозете и облеката се пронајдени во близина на местото, каде во август беше пронајден трупот на шведската новинарка.
Мадсен, кој се наоѓа во притвор, изјави дека Вал загинала кога случајно ја удрил поклопот на влезот во подморницата.
Меѓутоа, полиција објави дека во трупот кој беше пронајден 21 август во морето кај Копенхаген биле пронајдени 15 убодни рани. Рацете на новинарката, која правеше новинарска репортажа сеуште не се пронајдени.
Од полицијата рекоа дека причината за смртта на Вал и понатаму не е утврдена.