Saadet Firdevs Aparı
06 Април 2023•Ажурирај: 07 Април 2023
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, пренесува Анадолу.
Се истакнува дека Блинкен и Гутереш разговарале за прашањето во врска со Украина.
Двајцата соговорници повторно укажале на важноста на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Во соопштението на американскиот Стејт департмент се вели дека Блинкен изразил загриженост за руските пречки во насока на извозот на украинската храна.
Блинкен упати благодарност до Гутереш за напорите за зајакнување на Договорот за житниот коридор.