Tufan Aktaş
17 Септември 2021•Ажурирај: 18 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека стотици камиони со помош што влегле во опколената провинција Тиграј во Етиопија, не се вратиле назад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на ОН се наведува дека ниту еден од 149-те камиони што минатата недела влегле во провинцијата, не се вратил назад, а само 38 од 466 камиони што пристигнале во регионот, од 12 јули го напуштиле регионот.
Во соопштението се нагласува дека оваа ситуација предизвикува загриженост и дека овие камиони се потребни за да се достави помош до населението.
Владата на Етиопија истакна дека камионите можеби се запленети од Народниот ослободителен фронт Тиграј (ТПЛФ), кој е во конфликт со силите на Федералната армија, за да се користат за сопствени логистички цели.
Од друга страна, портпаролот на ТПЛФ, Гетачев Реда, отфрлувајќи ги обвинувањата, рече дека возачите на камиони се жалат на недостиг на гориво и безбедност и дека ова прашање нема никаква врска со Владата во Тиграј.
Хуманитарната криза во регионот ескалира откако борбата за власт меѓу Федералната армија и ТПЛФ во северната провинција Тиграј се прошири во соседните држави.
Речиси 2 милиони луѓе се раселени само во Тиграј, а на повеќе од 5 милиони луѓе и натаму им е потребна итна помош.
Покрај тоа што Етиопската армија постигна делумен успех во операциите започнати против бунтовниците во ноември 2020 година, таа на 28 јуни се повлече од Мекеле, главниот град на Тиграј, наведувајќи ја хуманитарната ситуација како причина.
Владата прогласи едностран прекин на огнот, но изврши контранапад по брзото напредување на ТПЛФ на север.