свет

Густа магла го обви Менхетен во Њујорк, создавајќи надреален пејзаж

- Екипата на Анадолу сними неверојатни кадри кога густа магла го прекри Менхетен, трансформирајќи го хоризонтот во надреално спектакуларен пејзаж

Oktaj Omeragikj  | 07.05.2025 - Обновена : 07.05.2025
Густа магла го обви Менхетен во Њујорк, создавајќи надреален пејзаж

ЊУЈОРК, САД (АА) - Екипата на Анадолу сними неверојатни кадри кога густа магла го прекри Менхетен, трансформирајќи го хоризонтот во надреално спектакуларен пејзаж, известува Анадолу.

Снимките од дрон покажуваат како високите облакодери пробиваат низ густата магла, додека мостовите, улиците и пониските згради привремено исчезнуваат.

Маглата создаде впечатлив визуелен ефект, при што само највисоките објекти, како што се Емпајер стејт билдинг и Светскиот трговски центар 1, останаа видливи над маглата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.