свет, економија

Грција ќе враќа долгови до 2060 година

Кредитот од 131 милијарда евра обезбеден од страна на Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSF) го сочинува најголемиот дел на долгот на оваа земја

Furkan Naci Top  | 20.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
Грција ќе враќа долгови до 2060 година

Atina

АТИНА (АА) - Јавниот долг на Грција во третиот квартал на оваа година се зголеми за 10 отсто во споредба со второто тримесечје, односно се зголеми на 356 милијарди евра, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во Извештајот за јавниот долг, објавен од страна на грчкото Министерство за финансии, се вели дека јавниот долг на оваа земја забележа пораст од 10 отсто во третото тримесечје на 2018 година во споредба со претходниот квартал, со што јавниот долг се зголеми на 356 милијарди евра. Јавниот долг на Грција во второто тримесечје на оваа година изнесувал 345 милијарди евра.

Кредитот од 131 милијарда евра обезбеден од страна на Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSF) го сочинува најголемиот дел на долгот на оваа земја.

Во порастот влијаеше и колективниот кредит овозможен од кредиторите, со цел да може да опстои на свои нозе по излегувањето од програмата за спасување.

- Грција ќе враќа долгови до 2060 година -

Во извештајот се истакнува дека рокот за враќање на долговите на Грција кон кредиторите е до 2060 година.

Стапката на јавниот долг на земјата со бруто-домашниот производ надмина 180 отсто, а оваа стапка е највисоката стапка во Еврозоната.

Грција минатиот август излезе од програмата, по три последователни спасувачки пакети во рок од 8 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın