Furkan Naci Top
30 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
АТИНА (АА) - Бројот на жртви во шумскиот пожар кој во јули изби недалеку од Атина е зголемен на 98, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчката пожарникарска бригада соопшти дека за време на лекувањето во болница, битката ја загубило женско лице, кое било потешко повредено за време на јулските пожари.
Така бројот на загинати во најсмртоносниот пожар во историјата на Грција е зголемен на 98, од кои 15 лица починаа во болница.
Во пожарот што изби во подрачјето Пентели, недалеку од Атина, а кој со силниот ветар се прошири на крајбрежните подрачја, повредени се 187 лица. Стотици куќи и возила се претворени во пепел.
Чистењето на теренот и санирањето на штетата трае подолго од еден месец.
Никос Тоскас, кој ја извршуваше должноста заменик на министерот за одбрана на Грција, по пожарот поднесе оставка.