Furkan Abdula
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, преку социјалните мрежи се огласи во врска со пожарот кој го зафати Ковид-центарот во Тетово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со длабока тага дознав дека загинале наши браќа во пожарот кој избувнал по експлозијата настаната во Ковид-центарот при Државната болница во Тетово, Северна Македонија“, напиша Шентоп на својот Твитер-профил.
„Посакувам милост за загинатите, додека на повредените им посакувам брзо закрепнување“, додаде тој.
Инаку, во пожарот загинаа најмалку 10 лица, а има и бројни повредени, потврди Министерството за здравство на Северна Македонија.
„До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне“, се наведува во соопштението на Министерството.