Beyza Binnur Dönmez
01 Октомври 2021•Ажурирај: 02 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку 9 лица загинаа во пожар што избувна денеска во болница во пристанишниот романски град Констанца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Надлежните соопштија дека пожарот избувнал во Одделот за ковид-пациенти на Болницата за инфективни болести во Констанца“, објави новинската агенција „Агерпрес“.
Пожарот е изгаснат откако целиот објект е евакуиран.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.