Ahmet Gençtürk
17 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Невакцинираните лица над 60 години во Грција од денес ќе бидат парично казнувани, соопштија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Казната ќе биде 50 евра за јануари и 100 евра од февруари со цел да се зголеми нивото на вакцинација и да се намали притисокот врз здравствениот систем“, објави локалниот весник „Катимерини“.
„Деведесет проценти од луѓето над 60 години се вакцинирани или закажале термин за вакцинација откако беше најавена казната“, се додава.
Сепак, се проценува дека 300.000 лица би можеле да се соочат со казна.
Во земјата, медицинските работници кои не примиле вакцина против Ковид-19 веќе се суспендирани и се соочуваат со можност да бидат отпуштени ако не ги почитуваат правилата за вакцинација.
Некои владини претставници се залагаат за проширување на задолжителната вакцинација за лицата на возраст од 50 до 59 години, но таква одлука сè уште не е донесена.
Грција вчера регистрира уште 95 смртни случаи поврзани со Ковид-19, додека билансот на починати во земјата е речиси 22.000.