Riyaz Khaliq Khaliq
17 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина се бори со падот на бројот на жители, а новите податоци објавени денес покажуваат дека стапката на наталитетот во 2021 година паднала на рекордно ниско ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеското национално биро за статистика (NBS) објави дека стапката на наталитетот во целата земја паднала на дури 7,52 родени на секои 1.000 лица во 2021 година, во однос на 8,52 во 2020 година.
Дневниот весник „Саут Чајна морнинг пост“ објави дека вкупната популација во Кина се зголемила само за околу 480.000 луѓе.
Ова е петта година во која Кина бележи пад на наталитетот.
Според официјалните податоци, во 31 провинција, автономни региони и општини, не вклучувајќи ги Хонгконг, Макао и Тајван, населението се зголемило на 1,412 милијарди во 2021 година.
Во 2016 година, Кина ја укина својата децениска политика за едно дете за да го запре брзото стареење на нацијата, охрабрувајќи ги паровите да имаат повеќе деца.