свет, Коронавирус

Германија: Бројот на заразени со коронавирусот надмина осум милиони

Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека бројот на заразени се искачил на 8.000.122, вклучувајќи ги и 34.145 нови случаи во последните 24 часа

Erbil Başay  | 17.01.2022 - Обновена : 18.01.2022
Германија: Бројот на заразени со коронавирусот надмина осум милиони

БЕРЛИН (АА) - Во Германија со коронавирусот се заразени повеќе од осум милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека бројот на заразени се искачил на 8.000.122, вклучувајќи ги и 34.145 нови случаи во последните 24 часа.

Регистрирани се 30 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19, вкупно 115.649.

Неделната инциденца, односно бројот на новозаболени на 100.000 жители изнесува 528,2, а активни се 884.500 случаи.

Првата доза од вакцината е дадена на 62,4 милиони луѓе, втората доза на 60,5 милиони, а дополнителната доза на 39,2 милиони луѓе.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.