Mehmet Yılmaz
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
ВАРШАВА (АА) - Големо невреме ја зафати Полска во која е прекината испораката на електрична енергија за речиси 160.000 домаќинства, јавува Anadolu Agency (AA).
Полската Цивилна заштита (RCB) соопшти дека поради особено неповолните временски услови најзагрозени се регионите на јужниот и источниот дел на земјата.
Од Цивилната заштита, исто така, е соопштено дека ресорните власти издале предупредување од највисок степен на подготвеност на населението во загрозените места.
Силните ветрови и обилните врнежи го отежнуваат и сообраќајот во поголемиот дел на Полска, а за среќа, досега нема загинати лица.