свет

Системот „S-300“, кој Русија ѝ го дава на Сирија, нема да биде користен против трети земји

Гласноговрникот на Кремљ, Дмитри Песков, денес истакна дека Русија донела одлука за донирање на системот за воздушна одбрана на Сирија поради безбедноста на руските војници во таа земја

Ali Cura  | 24.09.2018 - Обновена : 25.09.2018
Системот „S-300“, кој Русија ѝ го дава на Сирија, нема да биде користен против трети земји

Moskva

МОСКВА (АА) - Од Кабинетот на рускиот претседател, Владимир Путин, е соопштено дека системот за воздушна одбрана „С-300“ (S-300), што Русија ќе ѝ го даде на Сирија, нема да биде користен против трети држави, јавува Anadolu Agency (AA).

Гласноговрникот на Кремљ, Дмитри Песков, денес истакна дека Русија донела одлука за донирање на системот за воздушна одбрана на Сирија поради безбедноста на руските војници во таа земја, по неодамнешното соборување на рускиот авион „Il-20“ и загинувањето на 15 војници.

Песков рече дека сите треба да имаат разбирање во однос на руските активности насочени кон заштитата на сопствените оружени сили.

„Тоа не го правиме против трети земји, туку за заштита на сопствената војска“, одговори Песков на прашањето дали најавената донација ќе ги загрози односите помеѓу Русија и Израел.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, претходно изјави дека Русија во рок од две недели на Сирија ќе ѝ го испорача системот за воздушна одбрана „S-300“.

Повод за тоа е минатонеделниот инцидент во кој кај Латакија, Сирија, беше срушен руски авион кој леташе кон руската воена база „Химеимим“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот е срушен со проектил на сирискиот систем за воздушна одбрана „S-200“, но дека за инцидентот е одговорен Израел, чии воздухопловни сили во тие моменти изведувале операција во тоа подрачје и се криеле зад рускиот авион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın