Gökhan Kavak
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Во бомбашки напад врз патнички минибус во Сомалија загинаа голем број на луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, нападот е извршен со експлозив кој претходно е поставен на патот во подрачјето на Средно Шабеле.
До експлозијата дошло во моментот кога минибусот со 24 патници поминувал по патот.
Се нагласува дека во нападот загинале голем број на патници.
Сè уште никој нема преземено одговорност за нападот.