Bahattin Gönültaş
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
БЕРЛИН
Годишната инфлација во Германија, која во февруари изнесуваше 1,3 отсто, во март се зголеми на 1,7 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис) ги објави податоците за движењето на цените во таа земја за март.
Според најновите податоци, инфлацијата во март, во согласност со очекувањата, се зголеми на 1,7 отсто во однос на истиот месец 2020 година.
Инфлацијата во таа држава во март се зголеми за 0,5 отсто на месечно ниво.
Цените на енергенсите минатиот месец се зголемија за 4,8 отсто во однос на март 2020 година.
Исто така, годишниот раст на цените на моторни горива изнесуваше 12,7 отсто, а на природен гас, 2,2 отсто.
Растот на цените на храна во март изнесуваше 1,6 отсто на годишно ниво.
Инфлација е зголемување на агрегатното ниво на цените во однос на вредноста на пари. Поимот инфлација исто така може да се дефинира и како пад на вредноста на парите. Вредноста на парите ја означува нивната куповна моќ. Значи, доколку во одредена економија постои инфлација, куповната моќ на валутата паѓа.