Ekip
30 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ФРАНКФУРТ (АА) - Германската полиција објави дека на западниот дел на земјата се уапсени 10 лица кои се сомничат дека планирале да извршат терористички напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција ДПА (DPA) ја пренесе изјавата на портпаролот на Обвинителството на Дизелдорф дека осомничените се уапсени во петокот и денеска во Есен, Дизелдорф, Вупертал, Мехенгладбах, Дисбург и Улм.
Тој денеска нагласи дека групата е осомничена за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и за планирање сериозен акт на субверзија, иако во овој момент нема назначувања која ѝ била конкретната цел на нападот. Во Обвинителството сѐ уште не знаат дали против сите уапсени ќе биде покрената кривична постапка.
Официјалните претставници изјавија дека едно лице од осомничените е од Таџикистан, додека за останатите не дадоа никакви информации.