Cüneyt Karadağ
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
БЕРЛИН (АА) - И покрај тоа што Германија го забрани дејствувањето на терористичката организација ПКК, ги занемари нивните напади врз турските државјани во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата година, членовите на ПКК извршија 42 напада на богослужби, деловни објекти или здруженија чии основачи се турски државјани. Во нападите на ПКК се ранети 19 турски државјани. Во нападите сe користени и огнено и ладно оружје, запаливи и експлозивни материи, а значителна штета е причинета на 26 објекти и возила.
Членовите на ПКК во земјата извршија напади на осум џамии и здруженија при џамиите.
Германската полиција по овие напади започна 38 истраги, од кои поголемиот дел не дадоа резултати. Приведени се 39 припадници на ПКК, а задржани се само пет.
Цел на нападите минатата година честопати беа и просториите на Унијата на европските турски демократи (УЕТД), и тоа во Хамбург, Минхен, Леверкузен и во Есен.
Исто така, припаднциите на ПКК во демонстрациите на улиците на Кил, Либек, Келн, Хамбург нападнаа државјани на Турција, а притоа се ранети 19 лица. Поддржувачите на терористичката организација, за време на демонстрациите нанесоа штета и врз деловните објекти чии сопственици се Турци.
И покрај тоа што ПКК во Германија е забранета од 1993 година, организацијата во таа земја дејствува преку различни здруженија и понатаму ја спроведува својата пропаганда.
Последните извештаи на германската разузнавачка служба (БфВ) покажуваат дека ПКК во таа земја има повеќе од 14.000 членови и поддржувачи.
Младинските здруженија поврзани со ПКК преку социјалните мрежи преземаат одговорност за насилствата и понатаму слободно вршат пропаганда.
Оваа терористичка организација, освен за пропаганда и за логистички активности, ја користи Германија и за развој на финансиските извори.
Податоците на БфВ покажуваат дека ПКК само во 2015 година собрала 13 милиони долари.