Erbil Başay
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција во Дуисбург усмрти напаѓач кој во полициска станица влегол со ладно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата и обвинителството на Дуизбург се истакнува дека 43-годишно лице околу полноќ со нож нападнало двајца полицајци во станицата Реинхаузен и дека напаѓачот потоа е усмртен.
Напаѓачот го скршил стаклото на влезот во станицата, а припадниците на силите за безбедност не успеале да го запрат со солзавец.
Во соопштението се истакнува дека пред овој напад низ градот на три лица им се нанесени повреди од ладно оружје и дека истрагата за овие случаи сè уште трае.