Ekip
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција објави дека уапсила сириски државјанин кој наводно планирал напад со експлозив, со цел да убие голем број луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сојузното обвинителство соопшти дека специјалните полициски сили утринава уапсиле 19-годишно момче во североисточниот град Шверин. Се додава дека за време на акцијата бил извршен претрес на неговиот стан, но и на околните куќи на другите лица за коишто не постоел сомнеж дека учествувале во планирањето на нападот.
Обвинителството наведе дека момчето, чиј идентитет не е откриен, почнало да го планира нападот во јули, набавувајќи материјал за производство на бомба. Се истакнува дека не се знае дали тој веќе ја одбрал целта за својот напад.
Германија во последно време беше погодена со повеќе наппади, вклучувајќи го и оној во Берлин, во декември минатата година, кога загинаа 12 лица.