Kaamil Ahmed
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) – Тројца Палестинци се повредени со гумени куршуми кога израелските сили доцна синоќа упаднаа во бегалскиот камп Каландија на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Други двајца Палестинци се уапсени во текот на рација во бегалски камп, кој се наоѓа во близина на контролниот пункт помеѓу Западниот Брег и источен Ерусалим, наведуваат од медиумскиот центар Каландија.
Според податоците на палестинската група за заштита на затворениците „Адамер“, во последните две недели израелските сили уапсиле 195 Палестинци, што е двојно повеќе од просекот во 2017 година.