İlker Girit
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Данскиот иноватор призна дека го распарчил телото на шведската новинарка Ким Вал на неговата подморница во август, се вели во соопштението од полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Питер Мадсен (46), исто така призна дека деловите од телото ги фрлил во морето во близина на Копенхген, но негира дека ја убил новинарката, тврдејќи дека таа загинала во несреќен случај.
Мадсен првично тврдеше дека кога го фрлил телото на Вал во морето телото било цело, а дека таа починала од удар од металниот капак на влезот на подморницата.
Резултатите од аутопсијата направени на торзото покажаа дека екстремитетите и главата биле намерно отсечени.
Вал била во подморницата како дел од истражувањето што го спроведувала за натпис за иноваторот Мадсен.
Мадсен, сопственик на приватната подморнарица, ја поканил Вал на кратко патување ноќта на 10 август, а подоцна новинарката била пријавена за исчезната.
Локалните медиуми соопштија дека потонатата подморница е пронајдена од страна на службата за итни случаи на 11. август, но телото на новинарката сѐ уште се водело за исчезнато.
Во првата полициска истрага, Мадсен првично тврдеше дека Вал своеволно го напуштила бродот.