свет

Германија: Повредени новинари на АА во насилствата што избувнаа на 1 мај

Полицаец го удри со тупаница новинарот на АА, Ербил Башај, кој ги следеше демонстрациите и го снимаше притворањето на еден демонстрант. Поради ударот со тупаница, усните на Башај беа отечени.

Bahattin Gönültaş  | 03.05.2021 - Обновена : 04.05.2021
Германија: Повредени новинари на АА во насилствата што избувнаа на 1 мај

БЕРЛИН

Новинарите на Агенција Анадолија (АА), Ербил Башај и Џунејт Карадаг, се повредени во судирот меѓу демонстрантите и полицијата на 1 Мај, Денот на трудот и солидарноста, во Берлин, главниот град на Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).

За време на демонстрациите што се одржаа во областа Нојкелн на 1 мај, избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Полицаец го удри со тупаница новинарот на АА, Ербил Башај, кој ги следеше демонстрациите и го снимаше притворањето на еден демонстрант. Поради ударот со тупаница, усните на Башај беа отечени.

Исто така со камен е полесно повреден и новинарот на АА, Џунејт Карадаг, кој ги следеше демонстрациите.

Наведувајќи дека ги следел демонстрациите одржани во Берлин на 1 мај, Башај нагласи:

„Кон вечерните часови со моите пријатели започнавме да ги следиме демонстрациите што започнаа на плоштадот „Херман“. Илјадници демонстранти започнаа да маршираат. На улицата „Зоненале“ избувна судир меѓу полицијата и демонстрантите. Џунејт Карадаг и јас потпирајќи се со грбот на една врата од зграда продолживме да ги следиме демонстрациите. Демонстрантите фрлаа камења и шишиња кон полицијата, додека полицијата на тоа интервенираше остро. Јас снимав додека полицијата приведуваше едно лице. Во меѓувреме, дојде полицаец спречувајќи ме да снимам и ме удри со тупаница.“

Истакнувајќи дека не почувствувал болка и оток на усните во тој момент поради жештината на настанот, Башај рече: „Следниот ден видов дека усната ми е отечена и дека се насобрало крв. Местото сè уште ме боли и покрај тоа што поминаа два дена.“

Џунејт Карадаг, истакнувајќи дека ги фотографирал демонстрациите, рече:

„Откако настаните одеднаш се претворија во судири, полицијата постапи многу остро. И покрај тоа што се заштитив зад вратата, голем камен ми ја погоди ногата. Поради болките во тој момент престанав да фотографирам. По некое време, се созедов и повторно почнав да фотографирам. Болките во нозете траеја два дена.“

Аиша Камал, една од организаторите на демонстрациите, во изјава за медиумите рече дека полицијата сака да се зголеми тензијата и дека оние што присуствувале на демонстрациите биле постојано малтретирани од страна на полицијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.