Cüneyt Karadağ
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
БЕРЛИН (АА) - Германија изрази сочувство поради 13-те турски државјани што се убиени од терористичката организација ПКК во подрачјето на Гара во Ирак, и нагласи дека тероризмот во никој случај не може да има легитимно оправдување, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Упатуваме длабоко сочувство до семејствата“, рече заменик-портпаролката на германското Министерство за надворешни работи на Германија, Андреа Засе, одговарајќи на прашањето на АА.
Истакнувајќи дека во вооружените конфликти мора строго да се почитува меѓународниот закон за човекови права, Засе рече: „Тероризмот во никој случај не може да има легитимно оправдување.“