Ayhan Şimşek
27 Јули 2021•Ажурирај: 28 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Најмалку едно лице загина, 16 се повредени, а уште четири лица се водат како исчезнати по големата експлозија денес во индустриска зона во градот Леверкузен, западна Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата во Чемпарк, еден од најголемите индустриски зони на хемиски компании во земјата, испушти огромни количества темен чад во воздухот.
Властите ги предупредија жителите на неколку окрузи да не излегуваат надвор и да ги затворат прозорците поради стравување од отровни гасови.
Операторот на Чемпарк, компанијата „Курента“, преку Твитер соопшти дека еден од вработените загинал во експлозијата, додека четворица се водат за исчезнати.
„16 наши вработени се повредени во инцидентот. Двајца од нив имаат сериозни повреди. Спасувачките активности продолжуваат со полна брзина“, соопшти компанијата.
Причината за експлозијата не е јасна.