свет

Германија: Две лица убиени во пукотница пред синагога

Полицијата потврди дека најмалку две лица загинале во нападот и предупреди дека напаѓачите со возило го напуштиле местото на нападот

Ayhan Şimşek  | 09.10.2019 - Обновена : 11.10.2019
Германија: Две лица убиени во пукотница пред синагога

БЕРЛИН (АА) - Најмалку две лица загинаа во оружен напад пред синагога во источниот дел на Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Локалниот дневен весник „Билд“ (Bild) објави дека напаѓачите пукале во луѓе пред синагогата во градот Хале и фрлале рачни гранати на еврејските гробишта во близина.

Полицијата на Твитер потврди дека најмалку две лица загинале во нападот и предупреди дека напаѓачите со возило го напуштиле местото на нападот.

Полицијата ги повика луѓето кои живеат во подрачјето да останат во своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın